Личноста и спиењето: Карактерот го покажува и положбата во која спиете

Многу експерти тврдат дека токму во сонот се огледува карактерот и душевната состојба на човекот.
Анализирајќи го времето кое луѓето го поминуваат во спиење, позицијата при спиењето, квалитетот на сонот и други карактеристики, тие дошле до следниве заклучоци.

Положба на телото

На стомак спијат фантазерите, енергичните и нервозните.

Во положба на фетус спијат осетливите и емотивните лица, несигурните и исплашените. Дури 40 проценти од луѓето ја заземаат оваа положба.

На грб спијат лицата со самодоверба. Често така спијат богатите и постарите луѓе.

Страна на креветот

На десна страна спијат луѓето отворени за нови познанства, добродушните и веселите.

На лева страна циничните личности кои се недоверливи кон другите, но и уметниците, романтичните души.

Квалитет на сонот

Добриот и квалитетен сон е својствен за урамнотежените лица, спортистите и луѓето кои во текот на денот се зафатени со многу обврски.

Несоницата значи непрекинато размислување.

Лош и неквалитетен сон имаат загрижените лица, депресивните, оние кои се подложни на емотивни пречки, повлечени и сите кои тешко се прилагодуваат на различни ситуации.

Должина на спиењето

Според научниците, оној кој многу спие се плаши од животот. Се повлекува во сонот за да ја избегне борбата, одговорноста и стресовите што ги носи секојдневниот живот.

Докажано е дури и дека оној што сака многу да спие има повеќе изгледи за кардиоваскуларни пречки поради физичката неактивност.

Оние кои спијат малку се поактивни во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот