Личните работи на Асанж од еквадорската амбасада предадени на американските обвинители

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Личните работи на Џулијан Асанж од времето додека живееше во Амбасадата на Еквадор во Лондон ќе им бидат предадени на американски обвинители, соопшти денеска Викиликс.

Еквадорски функционери тргнале кон Лондон за да им одобрат на американски обвинители да се „послужат” со предметите, вклучувајќи и правни документи, медицински извештаи и електронска опрема, пренесува „Гардијан”.

Викиликс наведува дека на претставници на ОН и на адвокатите на Асанж им е забрането да присуствуваат.

Адвокатите истакнаа дека се работи за незаконска заплена на имот, која ја побрале властите на САД. Како што наведоа, меѓу материјалите се и два ракописи на Асанж.

Асанж е во затвор во Лондон каде отслужува казна од 50 недели поради кршење на условната слобода. Следниот месец судот ќе одлучи за барањето на САД за негова екстрадиција.

И шведскиот обвинител кој ја води истрагата за обвинението за наводно силување против основачот на Викиликс денеска поднесе барање за негово апсење, соопшти обвинителството.

Налогот за апсење, доколку биде издаден, ќе биде прв чекор во процесот кој би резултирал со екстрадиција на Асанж во Шведска од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот