Лицето што му удри шлаканица на Емануел Макрон излезе од затвор и тврди дека „не жали”

Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CLODAGH KILCOYNE / POOL MAXPPP OUT

Осуден на 18 месеци затвор, од кои 14 условно, Демијан Тарел, беше ослободен изутринава по три месеци поминати зад решетки, по шлаканицата која му ја удри на Емануел Макрон и тврди дека не жали за неговиот потег, јави дописникот на МИА.

Тој му удри шлаканицата на Емануел Макрон на 8 јуни, за време на патувањето на претседателот во Таин-Л’Ермитаж. Тој беше пуштен во 7 часот наутро од казнено-поправниот дом Валенс, два часа пред првично закажаното време. Ова поради загриженоста на властите, кои не сакаа да го привлечат вниманието на јавноста за неговото ослободување. Особено што, според медиумите, бил организиран комитет за поддршка, кој требало да дојде и да го пречека.

На 8 јуни, напуштајќи го хотелско-угостителското училиште во Таин-Ермитаж, каде што се сретна со студентите, шефот на државата отиде да ја поздрави малата толпа гледачи кои дојдоа да го бодрат пред објектот. Во оваа прилика, едно лице скандираше „Монтжоа! Сен Дени! “, Ројалистички слоган, пред да му нанесе удар во лицето на претседателот на Републиката. Потоа извика: „Долу Макронијата!”

Запрашан од BFMTV при неговото ослободување од затвор, Демијан Тарел објасни дека „не се кае”. „Имав многу писма за поддршка. Мислам дека ако успеав да издржам, тоа е благодарение на целата поддршка што ми испратија особено книги “, објасни тој. Тој, исто така, не ја отфрли можноста оваа сабота попладне да оди на демонстрациите „против санитарната пропусница”.

За време на судењето, Дамиен Тарел објасни дека го удрил Емануел Макрон „по инстинкт”, „во знак на протест против падот на Франција”. Тој беше осуден на 18 месеци затвор, од кои четири мораше да ги помине зад решетки. Тој од нив одлежа три месеци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот