Лице заразено со сојот омикрон присуствувало на концерт во Данска

Концерт во Данска
Концерт во Данска / Фото: EPA-EFE/Olafur Steinar Gestsson

Лице заразено со новиот сој Омикрон на коронавирусот бил на голем концерт во саботата, соопшти денеска данската Управа за безбедност на пациенти.

Лицето беше едно од 1600 луѓе кои присуствуваа на концерт со дански диџеј во северниот град град Алборг.

Данска веќе потврди четири случаи на новиот сој омикрон, од кои сите беа во Јужна Африка.

Портпаролот на данската Администрација за безбедност на пациенти не можеше да потврди дали заразениот посетител на концертот бил на пат во Јужна Африка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот