Либискиот воен генерал најави воздушни напади врз Триполи

Фото: ЕПА

Силите лојални на либискиот воен лидер Халиф Хафтар ќе почнат силни воздушни напади врз цели во главниот град на Либија, Триполи, изјави командант Мохамед Манфур.

Тој ги предупреди жителите на Триполи да ги избегнуваат седиштата на милицијата и воените кампови.

– Воздушната кампања ќе уследи откако ќе бидат исцрпени традиционалните средства на војување поради ослободување на Триполи – посочи генерал Манфур.

По соборувањето на долгогодишниот лидер Муамер ел Гадафи во 2011 година Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.

Од летото 2014 година Либија е политички поделена на две влади – самопрогласената во источниот дел на земјата, со седиште во Тобрук што е под контрола на 75-годишниот Хафтар и меѓународно признаената Влада со седиште во Триполи со премиерот Фајез ел Сараџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот