Либиската крајбрежна стража пресретна четири чамци со мигранти, 20 души веќе се удавиле

Фото: ЕПА

Либиската крајбрежна стража пресретнала четири чамци со мигранти во Средоземното море, откако 20 од нив најверојатно веќе се удавиле, објави Меѓународната организација за миграција.

Мигрантите, кои патувале кон Европа, изјавиле дека денеска претходно, 20 од нив паднале во вода од бродот и се претпоставува дека се удавиле.

Меѓународната организација за миграција изјави дека околностите во кои мигрантите испаднале од бродот не биле јасни.

Бродот бил полн со луѓе, како и многу такви гумени чамци со кои шверцерите превезуваат мигранти преку Средоземното море.

Вчера и денес либиските власти пресретнаа седум чамци со стотици мигранти.

Околу 500 мигранти се вратени на либискиот брег, од кои 43 жени и девет деца. Многумина биле истоштени и дехидрирани.

Либиските власти ги носат сите мигранти пресретнати на море во центри од затворен тип.

Во последните месеци значително се зголеми бројот на обиди да се премине Медитеранот со брод од Либија.

Во првите шест месеци од оваа година, над 7.000 луѓе беа пресретнати на море и присилно пренесени во центрите од затворен тип во Либија.

Извор: Бета

Видео на денот