Либија драстично го намалува производството на нафта

НОК соопшти дека, заради затворањето на нафтоводот и пристаништата, поголемите нафтени полиња на југозападот од Либија се присилени да почнат да го запираат производството.

Либија за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели дневно, доколку продолжат блокадите на нејзините нафтени постројки, соопшти Либиската национална нафтена корпорација (НОК).

Портпаорлот на НОК изјави дека дневното производство, пред силите лојални на генералот Калифа Гафтар  да го затворат нафтоводот и големите нафтени пристаништа на истокот од земјата, изнесуваше 1,2 милиона барели, пренесоа британските медиуми.

НОК соопшти дека, заради затворањето на нафтоводот и пристаништата, поголемите нафтени полиња на југозападот од Либија се присилени да почнат да го запираат производството.

Британските медиуми вчера обелоденија нацрт докумен што е усвоен на самитот во Берлин, во кој двете страни во конфликтот во земјата се повикуваат да ја признаат државната нафтена компанија НОК како единствена која е овластена да ја продава либиската нафата и ги повика да се воздржат од напади врз постројките за производство на нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот