Либанскиот претседател се сомнева: Експлозијата може да е предизвикана од бомба, ракета…

Ден по експлозијата / Бејрут, Либан / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Материјалната штета која ја предизвика експлозијата е со сеизмички размери, вклучувајќи ги тука и деловните загуби кои ќе следат во постоечката ситуација, и може да нараснат до 15 милијарди долари.

Либанскиот претседател Мишел Аун рече дека истрагата за најголемата експлозија во историјата на Бејрут ќе испита дали нејзина причина е бомба или некои друго непознато дејствување.

„Причина за експлозијата се уште не е утврдена. Постои можност за странска вмешаност со ракета, бомба или нешто друго“, рече претседателот Аун.

Рече и дека ќе се обиде да утврди дали до експлозијата дошло поради небрежност или се работи за несреќен случај. Претходно претседателот потврди дека високо експлозивниот материјал со години бил складиран во пристаништетот во неадекватни услови, без заштитни мерки.

Првите резултати, рече неименуван извор, укажуваат на небрежност.

Само бомбите во Хирошима и Нагасаки биле со поголема моќност од експлозијата во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО)

САД велат дека не е исклучен напад, а Израел веднаш по настанот објави дека нема ништо со настаните во бејрутското пристаниште, негирајќи било каква улога во разорната улога во која загинаа 154 лица, а околу 5.000 се повредени.

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Материјалната штета која ја предизвика експлозијата е со сеизмички размери, вклучувајќи ги тука и деловните загуби кои ќе следат во постоечката ситуација, и може да нараснат до 15 милијарди долари.

Ова е рускиот тајкун кој го остави бродот полн со експлозивен товар во пристаништето во Бејрут (ФОТО)

Либанската економија минува низ тешка криза, валутата е во слободен пад, долговите не престануваат да растат, а Либанците уште од октовмри минатата година протестираат против политичките касти и ги обвинуваат за лошо управување со земјата и државна корупција која не запира повеќе десетлетија.

Либанците побараа од Макрон да ги спаси од корумпираната власт/ 6. август 2020/ Фото: EPA-EFE/Thibault Camus / POOL MAXPPP OUT

На протест излегоа и вечера во текот на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон и побараа од него да им помогне да се „ослободат од сегашната власт и од Хезболах“, проиранското шиитско движење.

Владата на Хаса Диаб, формирана во јануари 2020 година и претставена како кабинет на технократи, е на удар од критиките дека е подредена на партијата на претседателот Мишел Аоун, Слободно татковинско движење и неговиот неуништлив сојузник Хезболах (Божја партија).

Макрон пристигна во Бејрут, луѓето го влечат и го молат да ги спаси од власта во Либан (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот