Либанскиот премиер се закани: Ќе платат одговорните за експлозијата – Бејрут како погоден од атомска бомба (ВИДЕО)

Бејрут, Либан по разорната експлозија / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Многу земји понудија помош за Либан меѓу нив и Израел, Франција, Кипар, Грција и други.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб вечерва изјави дека одговорните за големата експлозија во опасниот магацин во бејрутското пристаниште, ќе ја платат цената за тоа.

– Ветувам дека ова катастрофа нема да помине без одговорност… Одговорните ќе ја платат цената, истакна Диаб.

Израел и Хезболах негираат дека експлозијата во Бејрут е ракетен напад (ФОТО+ВИДЕО)

Тој додаде дека магацинот се наоѓа во пристаништето од 2014 година, но оти нема да зборува за тоа, бидејќи истрагата за причините за експлозијата се во тек. Според некои извештаи во експлозијата се повредени неговата сопруга и ќерката.

Претходно, Либанскиот министер за здравство Хасан Хамад изјави дека во експлозијата загинале најмалку 30 лица, а околу 3.000 се повредени во експлозијата што се случи во бејрутското пристаниште, во близина на центарот на Бејрут.

Тони нитрат експлодираа во пристаништето во Бејрут – гувернерот низ солзи говори за „најголемата национална катастрофа“ (ВИДЕО)

Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем, бидејќи многу луѓе се заглавени под урнатините.

Во меѓувреме, израелските министри за одбрана и за надворешни работи, Бени Ганц и Габи Ашкенази изјавија дека Израел преку меѓународни безбедносни и дипломатски канали и понуди медицинска и хуманитарна помош на либанската Влада.

Претходно, шефот на француската дипломатијата Жан-Ив ле Дријан на Твитер напиша дека „Франција секогаш е на страната на Либан и на либанскиот народ”.

Тој истакна дека Франција е подготвена да пружи помош во зависност од потребите на либанските власти.

Исто така и Грција и Кипар понудија помош доколку е потребно и изразија жалење и сочувство до Владата на Либан.

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека земјата „е подготвена да им помогне на либанските власти со сите средства што ги има на располагање”, додека пак претседателот на Кипар Никос Анастасиадис преку официјалниот Твитер профил изрази подготвеност за било каква неопходна помош.

И иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф понуди помош за Либан.

– Нашите мисли и молитви се со големиот и силен народ на Либан, напиша Зариф на Твитер, додавајќи оти Иран „како и секогаш во целост е подготвен да ја пружи целата неопходната помош”.

СТРАОТНИ СНИМКИ ОД БЕЈРУТ, небото се затемни, луѓето преплашени: Најмалку 30 загинати и повеќе од 500 повредени (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот