4 C
Скопје

Либанскиот премиер повика на предвремени избори

Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб денеска најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.

Во телевизиско обраќање, Диаб ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и да работат заедно.

Тој додаде дека е подготвен да остане на функцијата наредните два месеца, за да им даде време на политичарите да спроведат структурни реформи.

Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот денеска се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.

Експлозијата во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој бил складиран шест години, откако бил конфискуван од царинската служба.

Прочитајте и...  Николоски: Од наредната недела ќе собираме потписи за укинување на Законот за попис, ни требаат 10.000, очекуваме 100.000

Поврзани вести

Британска учителка почина од коронавирус на својот 25-ти роденден

Слободен печат

Тасева: Само со политика и декларативност не може да се промени состојбата со корупцијата

Слободен печат

Состанок Нуредини – Хан за поефикасно искористување на расположивите средства за проетки во животната средина

Слободен печат

ВИДЕО | Професор Раткоцели: Злоставувањата на децата во Прилеп и „Јавната соба“ се доказ за општествена декаденција и немоќ на институциите

Седницата за пратенички прашања прекината по барање на АА/Алтернатива, продолжува во 13 часот

Слободен печат

ВИДЕО | Шахпаска: Да се бори за своите права, да бара заштита на правата, може само оној кој е добро информиран и добро запознаен со своите права

Слободен печат

Остави Коментар