Либанскиот амбасадор во Германија е именуван за мандатар

Фото: EPA/WOLFGANG KUMM

Либанскиот претседател Мишел Аун денеска му го додели на амбасадорот на таа земја во Германија, Мустафа Адиб, мандатот за состав на нова влада, откако ја обезбеди поддршката на мнозинството членови во Парламентот.

Претходната влада на Хасан Диаб поднесе оставка на 10 август, по катастрофалната експлозија во пристаништето во центарот на Бејрут, во која загинаа најмалку 200 луѓе.

Назначувањето на Адиб доаѓа пред втората посета на францускиот претседател Емануел Макрон за помалку од еден месец, чија цел е започнување на долго одложуваните реформи и надминување на кризата.

Адиб беше номиниран од група влијателни поранешни либански премиери, меѓу кои и Саад Харири, лидер на најголемата сунитска партија во земјата, Движење за иднината.

Неговото назначување мора да биде потврдено со мнозинство гласови во либанскиот Парламент, по што следи процес на формирање влада што може да трае неколку месеци, пренесува Би Би Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот