Либанец уапсен во Грција за убиство и киднапирање на авион што се случило пред 34 години

Либанец баран поради киднапирање на авионот TWA во 1985 година и убиство на еден американски патник е уапсен во Грција, соопшти денеска  грчката полиција.

Тој 65-годишен маж е уапсен во четвртокот на островот Миконос врз основа на европски налог за апсење кој за него го издала Германија, стои во соопштението, во кое не е наведен неговиот идентитет.

Според грчките медиуми, тој Либанец бил осомничен за киднапирање на споменатиот авион на 14. јуни 1985. година непосредно по неговото полетување.

Леталото полетало од Каиро и патувало во Сан диего со слетувања во Атина, Рим, Бостон и Лос Анџелес.

Авионот бил киднапиран по неговото полетување од грчката престолнина.

Осомничениот киднапред бил уапсен при контрола на пасошите на крузер, пренесе агенцијата АНА. Тој во петокот излегол пред судот, кој му наложил притвор пред да биде испратен во Германија.

Тој бил уапсен во Германија две години откако го киднапирал авионот TWA, но потоа бил разменет со двајца германски заложници, јавуваат грчките медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот