Либан седми ден парализиран од протести

Судири помеѓу либанската армија и демонстрантите на денешните протестите поради економските реформи што ги предложи Владата.

Стотици илјади луѓе седум дена излегуваат на улица и ги обвинуваат политичарите дека ја уништиле економијата. Банките веќе шестти ден се затворени, како и училиштата, а голем број автопатишта се блокирани.

Владата на премиерот Сад ал Харири во понеделникот најави итен пакет реформи со цел да го ублажи бесот на демонстрантите кои бараат Владата да поднесе оставка, како и да ја спречи претстојната финансиска криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот