Либан се подготвува да ја одбележи првата годишнина од експлозијата во Бејрут

Експлозија во Бејрут / Фото: EPA-EFE/@tayyaraoun1 EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Либан на 4 август ќе ја одбележи првата годишнина од катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут како национален ден на жалост.

Околу 2.750 тони амониум нитрат експлодираа во магацин во пристаништето Бејрут, при што загинаа најмалку 190 луѓе, а повредени беа околу 6.000 лица.

Експлозиите што следеа уништија голем дел од пристаништето и околните населби и 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Либанските сеизмолози соопштија дека експлозијата била еквивалентна на земјотрес со јачина од 4,3 степени.

На денот на комеморацијата на трагедијата на 4 август, сите јавни институции и општини ќе бидат затворени, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а радио и телевизиските станици ќе ги приспособат своите програми за да ја одбележат трагедијата и да изразат солидарност со семејствата на загинатите и повредените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот