Либан се обрати до Интерпол во врска со експлозијата во Бејрут: Издадени потерници по двајца Руси

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Главниот истражител за причините за разорната експлозија што се случи во август во пристаништето во Бејрут денеска издаде две потерници по капетанот и сопственикот на бродот со кој беа превезени илјадниците тони амониум нитрат пред седум години.

Речиси 3.000 тони амониум нитрат складиран во бејрутското пристаниште експлодираа на 4 август, при што загинаа 193 лица, повредени беа 6.500 луѓе и беше предизвикана материјална штета од повеќе милијарди долари.

Судијата Фади Саван го предал случајот до либанското државно Обвинителство и побара од Интерпол да ги приведат капетанот и сопственикот на бродот кои инаку се државјани на Русија. Над 20 лица, поголем број на работници во пристаништето и царинарници, се притворени по експлозијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот