Либан планира да врати десетици илјади бегалци во Сирија и покрај противењето на ОН

Мигранти од Сирија
Мајка и дете, мигранти од Сирија / Фото: EPA-EFE/YOUSSEF BADAWI

Либан денеска објави дека планира да врати десетици илјади бегалци во Сирија и покрај противењето на ОН.

„Ние сме сериозни во врска со спроведувањето на овој план и се надеваме дека ќе го сториме тоа во наредните месеци“, рече вршителот на должноста министер за бегалци на Либан, Исам Шарафедин.

Според планот на либанската влада, земјата месечно ќе враќа 15.000 бегалци во Сирија.

Во Либан во моментов има повеќе од милион Сиријци кои ја напуштиле својата земја поради десетгодишниот конфликт.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) се спротивставува на планот на либанската влада за присилна репатријација, нагласувајќи дека тоа ќе ги доведе бегалците во опасност.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот