Либан: Отфрлени предложените реформи, ќе има нови протести

Фото: Илустрација

Либанските демонстранти денеска поставија барикади на улиците на Бејрут со што го продолжија протестите, шести ден по ред. Тие ги отфрлија предложените реформи и инсистираат Владата да поднесе оставка.

Премиерот на Либан Саад Харири синоќа понуди пакет реформи, но демонстрантите ги отфрлија како „недоволни и нецелосни”.

Реформите вклучуваат намалување за 50 отсто на платите на највисокорангираните функционери, ремонт на секторот на електрична енергија и намалување на бројот на владините институции.

Ова се најголемите протести во Либан во последните 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот