Либан нема да го екстрадира Карлос Гон во Јапонија

Фото: Профимедиа

Кон крајот на декември, Карлос Гон го напушти Токио во обид да избегне судење за поголем број обвиненија.

Либан нема да го екстрадира поранешниот извршен директор на „Нисан” Карлос Гон во Јапонија, каде се соочува со серија финансиски обвиненија, објави денеска јапонската агенција Никеи, повикувајќи се на либански судски службеник.

Службеникот изјавил дека може да му се суди во Либан, ако властите се сомневаат во него за кривично дело.

Претходно во јануари, адвокатот на Гон даде висока оценка на судските постапки во Либан, откако истражните органи во земјата го испрашуваа поранешниот шеф на „Нисан”.

Кон крајот на декември, Карлос Гон го напушти Токио во обид да избегне судење за поголем број обвиненија.

Карлос Гон – човекот кој е сѐ, само не нормален бегалец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот