Ли: Ќе бидат обезбедени храна и стабилни цени во Вухан

Фото: EPA-EFE/WANG ZHAO

Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

Кина ќе обезбеди снабдување со храна и стабилни цени во градот Вухан, центарот на коронавирусот, изјави кинескиот премиер Ли Кечианг, кој денеска го посети градот, кој е изолиран.

За време на посетата на Вухан, Ли разговараше со пациенти и медицински персонал.

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица.

Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

Засега нема смртни случаи надвор од Кина, додека заразени се регистрирани во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Австралија, Малезија и Франција.

Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти забранија влез и излез од градот Вухан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот