ЛГ планира да го напушти производството на паметни телефони

ЛГ Електроникс може да го напушти производството на паметни телефони, откако загуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува Кореја Хералд.

Извршниот директор на ЛГ, Квон Бонг-Сук испрати порака до вработените во која наведува дека може да следат големи промени во сегментот на паметни телефони.

„Без оглед на какви било промени во насоката на бизнисот со паметни телефони, вработените ќе ги задржиме, така што нема потреба да се грижите. Како што се интензивира конкуренцијата на глобалниот пазар на мобилни телефони, време е ЛГ да го направи најдобриот избор”, рече менаџерот на ЛГ.

Тој во пораката додава дека компанијата ги разгледува сите можни мерки, вклучувајќи продажба, повлекување и намалување на бизнисот со паметни телефони.

Кога ја презеде функцијата во јануари минатата година, извршниот директор Квон вети дека ќе направи пресврт во бизнисот со паметни телефони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот