Лежерно, но интересно издание на Меланија Трамп: Првата дама во чевли кои секој може да си ги дозволи

Profimedia

Меланија Трамп уште еднаш докажа дека не им робува на најскапите модни марки. Таа секогаш привлекува внимание со своите перфектни модни комбинации, а токму тоа се случи и при нејзиното последно појавување.

Profimedia

Таа во Вашингтон присуствувала на подготовката на празничните пакети за воените трупи надвор од Америка. Била облечена прилично едноставно и лежерно – кремаста блуза, маслинестозелени панталони и интересни обувки.

Причината поради која се зборува за обувките на Меланија е што тие се од минатогодишната колекција на „Зара“ и се многу попристапни за сечиј џеб од обувките кои првите дама, па и Меланија, најчесто ги носат.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот