Лезбос: Судирите на мигрантите и полицијате резулутираа со пожари и жртви

Фото: Ројтерс

Мигрантите за време на протестот во кампот на грчкиот остров Лезбос предизвикале повеќе пожари и се судрија со грчката полиција. Според непотврдени инфомрации, има во кампот Морија има и двајца загинати, објави „Б92“.

Мигрантите бараат да бидат преместени на копнениот дел на Грција.

Портпаролот на грчката полиција, Теодорос Хронопулос, изјави за „АП“ дека мигрантите запалиле повеќе дрвја пред кампот во 17 часот по локално време. Само неколку минути подоцна, тие предизвикале пожар и во самиот камп.

Градоначалникот на Лезбос објави дека двата пожари се изгаснати.

Полицијата соопшти дека заменик министерот за заштита на граѓани Лефтерис Оиконому, инаку поранешен шеф на грчката полиција, се упатил кон островот.

Во кампот Морија се наоѓаат околу 12.000 мигранти, поголемиот дел од Авганистан, а тој простор е предвиден за 3.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот