Лезбос: По вчерашните инциденти се приведени 40 лица

Во текот на ноќта, група од околу 300 мигранти, на враќање од протестот, поминале низ селото Мориа за да стигнат до прифатниот центар, што било причина да реагира локалното населени.

За вчерашните инциденти на грчкиот остров Лезбос, за време на протестот на барателите на азил, кои продолжија и во текот на ноќта, но со мал интензитет, полицијата привела 40 лица, додека, пак, утрово ситуацијата е мирна, објавија локалните медиуми.

Во текот на ноќта, група од околу 300 мигранти, на враќање од протестот, поминале низ селото Мориа за да стигнат до прифатниот центар, што било причина да реагира локалното населени.

Жителите на островот, бараат засилено полициско обезбедување, барање кое според весникот „То вима”, наишло на позитивен одговор кај министерот за цивилна заштита на Грција и на Лезбос ќе бидат испратени две специјални полициски единици, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за миграција и азил, Нотис Митаракис, вчера изјави дека „непријатните настани ја потврдуваат потребата за забрзување на процедурите за азил, враќање на оние кои немаат право на азил и работа на затворени и контролирани центри” и додаде дека „грчките власти ги зајакнуваат мерките за заштита и ја испитуваат можноста за поттикнување на такви реакции”.

Околу 2.000 баратели на азил кои се заглавени на Лезбос, вчера одржаа протест и се судрија со полицијата, која одговори со солзавец и шок бомби, а мигрантите предизвикаа пожар на ниви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот