Левин: Забавува епидемијата на коронавирусот во Италија и Њујорк

Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Професорот Левин вели дека во Италија ситуацијата се подобрува, а официјалните бројки, се чини, го поддржуваат ова тврдење.

Угледниот научник од Универзитетот во Станфорд и добитник на Нобеловата награда, Мајкл Левин, вели дека забавува епидемијата на коронавирусот во Италија и во Њујорк.

Тоа се двете најзагрозени места во светот во кои се наоѓаат 260.000 од вкупно 750.000 потврдени случаи на заразата. Италија стана епиценатрот на заразата откако Кина успеа да ја совлада епидемијата, но САД набрзо ја презедоа улогата на најголемо светско жариште.

Најпогодена во моментов е американската сојузна држава Њујорк со повеќе од 66.000 случаи, најмногу од било која друга држава, освен Италија (101.739), Кина ( 81.470) ои Шпанија ( 85.195).

Професорот Левин вели дека во Италија ситуацијата се подобрува, а официјалните бројки, се чини, го поддржуваат ова тврдење. Имено, во Италија секој ден во последните 10 дена има меѓу 5-6.000 новозаразени. Ситуацијата во Њујорк е малку понесигурна бидејќи дневниот раст во последните три дена изнесува 7.000 случаи, а претходно растот беше уште посилен.

Неделава, смета Левин, ќе биде пресудна и ќе открие дали епидемијата ќе продолжи.

Левин на Би-Би-Си Радио 4 кажа дека ситуацијата во градот Њујорк, околу кој сите се многу вознемирени, малку по малку се свртува на подобро, пренесе загрепски „Јутарњи лист”.

-Клучниот момент мина и камионот наречен Ковид-19, што иташе кон Њујорк, веќе не забрзува туку запира, што значи дека состојбата се подобрува, рече Левит.

Тој додаде дека нема доволно податоци за Велика Британија, бидејќи таму има премногу одвоени жаришта, но дека состојбата во Италија и Швајцарија веќе е подобрена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот