Левица: Уставниот Суд кој треба да е чувар на законите – ги прекршува законите

Уставните судии незаконски и скандалозно изгласаа додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата, во услови кога Владата апелира дека сите треба да се солидаризираат во кризата со мерки на штедење, велат од Левица.

-Согласно член 113 од Уставот на РМ, со Деловникот на Уставниот суд се уредува работата и постапката пред Уставниот Суд. Тоа значи дека со Деловникот се уредува постапувањето на Уставниот суд при оценување на уставноста и законитоста на прописите и другите општи акти, како и структуралната поставеност на судот. Секоја интервенција во Деловникот (измена и дополнување) која излегува од уставно зададената рамка за дозволен опфат по автоматизам значи дека е противуставна таквата интервенција- стои во соопштението на Левица.

Бидејќи, велат од Левица, судиите на Уставниот Суд ги избира Собранието на РМ и тие преставуваат посебна, четврта власт регулирана со посебна глава во Уставот, надоместоците на нивните плати може единствено да биде уредена согласно нов закон донесен од Собранието на РМ и никако поинаку.

-Ваквата безобѕирност и самоволие од страна на Уставните судии, да самоиницијативно и неуставно си ги зголемат платите, на површина го исфрла нивниот кредибилитет и нивното правно незнаење. Овој потег е само продолжение во низата фијаска на слабиот персонален состав на уставни судии, кои единствено се продолжена рака на неуставните политики на владејачкиот режим во услови на окупирана демократија– стои во нивното соопштение.

Без законски да одобри Собранието, уставните судии си изгласале 35 отсто додатоци на плата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот