Левица со 1.300 амандмани го блокираше Законот за просторно планирање

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев

Пропадна Обидот за промена на законот за урбанистичко планирање во скратена постапка. Најголем дел од партиите останаа на ставот дека без јавна дебата и вклученост на сите страни законот нема да дозволат да се менува. Од партијата Левица со преку 1000 амандмани против измените на законот, се сомневаат дека целта е да се продолжи со урбаното дивеење и овозможување на профитерите да реализираат планови неусогласени со генералниот урбанистички план, како што е случајот со планот за локацијата наспроти Холидеј Ин. Тоа го потврди и лидерот на партијата Димитар Апасиев во објава на својот фејсбук профил.

-Левица денес поднесе 1.300 амандмани на спорниот Закон за урбанистичко планирање (по скратена постапка). Нема деблокирање додека во Собрание не се чуе гласот на стручната фела и на архитектите, напиша Апасиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот