Левица: Промените на изборниот модел се неопходни

Апасиев, Крмов / Фото: Левица

Воопшто не е изненадување тоа што Владата, предводена токму од партијата која имаше предизборно ветување за една изборна единица, го одби Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик во насока на една изборна единица, поднесен од група пратеници. Напротив, оваа власт предводена од СДСМ, исполнува исклучиво ветувања кои никогаш ги нема споменато пред народот туку ги има дадено на терти страни во служба на туѓи интереси, реагира парламентарната политичката партија Левица.

-Но, крајот на оваа претстава, која големите партии ја приредуваа многупати досега, е веќе познат – поддршка на иницијативата поради популизам но знаејќи дека другите тоа нема да го сторат. Ваквата лажна поддршка целосно го минира успехот на самата иницијатива. Изненадува тоа што пратениците, кои се коалициони партнери на Владата, а истовремено го сочинуваат и најголемиот дел од пратениците – предлагачи на оваа иницијатива, се’ уште остануваат верни поддржувачи на политиките на власта и покрај тоа што таа истата Влада недвосмислено ја одби оваа нивна иницијатива. Крајно време е помалите партии во Собранието конечно да се надминат себе си и да престанат со играње на улогата на приврзок на владејачките партии. Имено, токму сега, кога фунционирањето на Парламентот и опстанокот на Владата зависи од помалите партии, особено оние кои се во власта, имаат можност да покажат дека го застапуваат јавниот интерес, а не своите лични привилегии како коалициони партнери на Владата, сметаат од опозициската Левица.

Според нив територијалната поделба на Македонија и постојниот изборен модел се кроени за задоволување на етничките интереси на албанските партии.

-Оттука, промената во насока на организирање на целата територија на Македонија, како една изборна единица, не само што ќе доведе до поправична застапеност на волјата на народот и разбивање на хегемонијата на двете партии, туку и ќе го заузда етно-центризмот и трибализмот кој е вкоренет во сите пори на политичкиот систем на државата. Сегашниот изборен модел, фаворизирајќи двопартиска хегемонија резултира со брзо заробување на секој нов политички субјект во гравитационото поле на некоја од големите партии, обично таа партија која ја предводи власта. Оттука, секоја можност за промена во политичкиот систем која може да доведе до губење на нивниот комодитет е неприфатлива и таа бидува уништена уште во самиот нејзин зародиш, соопштува Левица.

Според нив суштински проблем во државата е непостоењето на дефинирани, етаблирани и негувани државни и национални интереси.

-Тоа е последица на поединечната и групната приватизација на партиите, а со тоа и на државата и власта. КАПИТАЛИСТИЧКИОТ ПОРЕДОК Е СУРОВ, БЕЗМИЛОСЕН, А СО ТОА И БЕЗ ОПШТОЧОВЕЧКИ ВРЕДНОСТИ, такви се неговите партии, такви се и раководствата на партиите. Одбивањето на предлог измените на изборниот законик за една изборна единица, јасно укажува на карактерот на власта, неспремноста и неволноста да се направат промени корисни за државата и народот. Промените на иборниот модел се неопходни, власта мора да се уцени по секоја цена, и тука клучна улога имаат токму коалиционите партнери на Владата, децидни се од оваа партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот