Левица поднесе предлог за драстично намалување на патните трошоци кај пратениците

Апасиев, Крмов / Фото: Левица

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците, во делот на патните трошоци.

-Со законот, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар) – што, практично, значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз. Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците, велат од партијата Левица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот