Левица поднесе Предлог-Декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии

Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов до претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесоа Предлог-Декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии.

Предлог-Декларацијата е поднесена по повод утрешниот државен празник „23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“.

Тие во Собранието најавија прес-конференција за повеќе детали во 11.30 часот, што воедно ќе биде и првата прес-конференција на Левица како парламентарна партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот