Левица очекува стручно мислење од Венецијанска комисија околу вметнувањето на етничка припадност во личните карти

апасиев
Димитар Апасиев, лидер на Левица

Ја известуваме јавноста, дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, испратија писмо до претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио, во кое се бара правно мислење околу проблематичното прашање за планираното впишување на податоци за „етничка припадност” во личните карти на македонските граѓани.

Причината за ова писмо, е тоа што, ова советодавно тело на Советот на Европа е составено од независни и угледни експерти по уставно право, па поради ова, Левица бара стручно мислење од овие експерти, за овој важен проблем.

„Поконкретно, би Ве замолиле, до Вашите членови да ги проследите најновите измени на Законот за лична карта, кои се во легислативна процедура во македонското Собрание по скратена постапка (а кои Ви ги доставуваме во прилог), и да се произнесете за истите – особено од аспект на нивната усогласеност или неусогласеност со европската пракса и со легислативата на земјите-членки на Советот на Европа, како и во светло на компаративните искуства од други држави”, стои во барањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот