Левица: Државниот универзитет во Тетово–дувло на непотизам, корупција и интелектуален криминал

Партија „Левица“ / МИА

Деновиве голем скандал го тресе Медицинскиот факултет при Државниот Универзитет Тетово (ДУТ). Имено, обелоденето беше дека на студентите при Факултетот за медицински науки им предаваат професори чии научни трудови се плагијати, велат во своето соопштение од политичката партија Левица.

Италијанскиот весник „Веритас” во неодамнешен напис открива плагијат и копирање на научни трудови од страна на неколку уважени професори по медицина од Универзитетот во Тетово. Како што се наведува во истражувањето на „Веритас”, станува збор за научни трудови на: Емира Беџети, Неџбедин Беадини, Албулена Беадини, Шеќибе Беадини, Мирлинд Беџети, Дестан Халиди, Екрем Исмани, кои се очигледен плагијат, во голем дел директно препишан текст без да се наведат извори или пак да делата да бидат наведени во литературата, велат тие.

Според нив направена е анализа на спорните дела од страна на истражувачи и споредба со оригиналните текстови, при што е утврдено дека научните трудови на овие професори се целосен плагијат.

Имено, во овие трудови, професорите-автори имаат украдено буквално цели текстови, во кои променети се само името, презимето и државата каде се објавува. Ова треба да биде аларм за целата јавност но и за академската заедница, дека во Македонија, додека се наметнуваат квази реформи во образованието, лица објавуваат квази-научни трудови без никаква одговорност и врз основа на тоа се здобиваат со академски звања и остваруваат други придобивки. Она што е најзапрепастувачки е тоа дека вакви лица не само што заземаат улога на педагози тие дури се и професори на високообразовните институции каде предаваат знаења на идни генерации, а некои од нив можеби се и „екпертите” на кои се повикува министерката за образование Мила Царовска, дополнуваат оттаму.

Тие додаваат дека е доведен во прашање и кредибилитетот на високообразовните институции.

-Деградацијата на високото образование, недостатокот на контрола, финансиската мотивираност, непотизмот, партиските интереси, антиакадемизам, интелектуална мафија – се само некои од причините кои доведуваат до вакви случувања. Сепак, на крај најоштетени се студентите, кои не го добиват образованието кое го заслужуваат. А кое патем и скапо го плаќаат.Со цел да го прикрие скандалот, Ректорот на ДУТ го суспендирал Деканот на Медицинскиот факултет д-р Кастриот Хаџиреџа, откако претходно неуспешно се обидувал да изнуди оставка од него. Левица стои позади ставот дека за професори обвинети за плагијат треба да следи ПОНИШТУВАЊЕ и одземање на академското звање а воедно и престанок на договорот за работа, изјавија од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот