Левица: Во кумановското село Шупли Камен повеќе не се носи леб

Лица со посебни потреби, стари и изнемоштени, пензионери и работници кои својот работен век го посветиле на земјоделието и производство на храна, од кумановското село Шупли Камен, веќе трета недела оставени без леб, реагираше денеска партијата Левица.„Во селото нема прехранбена продавница, па така единствениот начин на кој им е доставуван основниот прехранбен продукт биле пекарите кои го носеле лебот три пати во неделата со комбе. По мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на приватните пекари не им се исплаќало да го доставуваат лебот, па така одлучиле да престанат со испорака, по што жителите се оставени без леб. Ваквиот третман на овие луѓе, како од централната, така и од локалната власт, е суров, под секое човечко достоинство и за најстрога осуда“, реагира Левица.Од партијата бараат централната власт итно да најде решение за луѓето и итна мерка од страна на Градоначалникот.„Можноста со овој проблем да се среќаваат и луѓето од останатите села е голема, затоа ги охрабруваме граѓаните доколку се соочуваат со ваков проблем веднаш да пријават до Левица. Од наша страна ќе бидат алармирани институциите веднаш! Во случај проблемот да не биде решен итно активистите од огранокот ќе отпочнат со доставување на леб, додека да се најде решение за проблемот“, соопшти Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот