Левица: Спречен бугарски воз во Драчево

Амар Мецковиќ, Левица / Фото: Слободен печат, Југослава Дуковска

Левица укажува на бројни изборни неправилности, соопшти претставникот на оваа партија на прес-конференцијата која се одржа во 20 часот.

Како што информираше Амар Мецковиќ од изборниот штаб на Левица, ОИК Штип издавале решенија за гласачи кои се валидни за втор а не за прв изборен круг, во Општина Аеродром, на гласачките места на 2708 и 2709 имало случлаи на гласачи кои недостасувале во изборниот список.

Во Тафталиџе на 2604 во Општина Карпош, на адреса на која живеат тројца избирачи, биле додадени уште тројца и ним им било дозволено да гласаат. Во Гевгелија на гласачкото место број 0345, кај член на избирачкиот одбор задолжен за издавање на гласачки ливчиња било пронајдено едно изгужвано гласачко ливче, кое потоа било искористено за гласање.

На гласачкото место 2632 во Општина Карпош гласачките кутии не биле пломбирани, а на едно гласачко место во Драчево бил спречен обид за изборна измама, таканаречениот бугарски воз, каде гласач подигнал четири гласачки ливчиња, а во кутиите ставил три.

-Не нѐ изненадуваат обидите за опструирање на изборите на владеачката гарнитура која е во слободен пад, веќе од утре ништо нема да биде исто, истакна претставникот на Левица.

Тој најави прес конференција со првични резултати за по 22 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот