Левица: Повеќе наши членови утрово повикани на информативен разговор во полициски станици

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, повеќе членови на нашиот Централен комитет, без никаков повод и причина, утрово координирано се повикани на „информативен разговор“ во полициските станици ширум Македонија, велат од политичкат партија Левица.

-Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка – бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив. Наместо репресијата врз сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија, да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики. Тоа што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими! Тоа го прават затоа што и тие како нас знаат дека, на крајот, сепак ние ќе победиме!, се вели во соопштението од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот