Левица: Нашите пратеници не го блокираат законското решение за недела неработен ден

Димитар Апасиев
Димитар Апасиев / Фото: МИА

Политичката партија Левица ги демантира тврдењата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која на вчерашната прес-конференција изјави дека Законот за недела неработен ден се блокира од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица.

– Во немоќ да ја оправдаат својата неспособност, СДСМ во неколку наврати безобразно манипулираат дека Левица ги блокира измените за воведување за недела неработен ден. Ја известуваме јавноста дека се работи за предлог-законско решение кое сè уште не е ставено на дневен ред во Собрание, додека нашите пратеници не се дел од матичната Комисија – па оттаму, се работи за уште една лага на делегитимираната владејачка клика. Јасно е дека СДСМ намерно го пролонгира ветувањето, кое требаше да стане реалност од први октомври, како што најави претседателот во оставка, Зоран Заев, се вели во соопштението од Левица.

Од партијата додаваат дека новина е тоа што надоместокот од два проценти од вкупниот приход остварен минатата година во недела и на празници, што ќе треба да го плаќаат работодавците ако сакаат да вршат дејност во недела, всушност е придобивка за полнење на Буџетот, во отсуство на каква било економска стратегија и визија на власта.

– Евидентно е дека Социјал-демократскиот сојуз повторно ретерира пред барањата на олигархијата и четири години намерно го пролонгира носењето на вакво, повторно нецелосно, решение – кое беше едно од нивните главни предизборни ветувања, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот