Левица ќе поднесе иницијатива за забрана на Здружението „Цар Борис Трети”

Димитар Апасиев, лидер на Левица

Партијата Левица соопшти дека ќе поднесе иницијатива за забрана на новоотвореното Здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.

Слободата на здружување на граѓаните како уставно загарантирано право има свои јасни граници со цел спречување на насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, велат од партијата.

Според Левица, основањето на здруженија со назив „Ванчо Михајлов” и „Цар Борис III”, е „директно насочено кон насилно уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија, а особено кон разгорување наа национална омраза“.

Очекуваме реакција од Јавното обвинителство и останатите државни органи за постапување и спречување на овој опасен тренд на наметнување и воздигнување на докажани фашистички дејци и државници на окупаторски држави, за кое реагираше и еврејската заедница во Македонија, заклучуваат тие.

Видео на денот