Левица ќе го тужи собранискиот претседател Талат Џафери

фото Архива

Партијата Левица ќе го тужи собранискиот претседател Талат Џафери за злоупотреба на службената положба, поради одговорот што Џафери им го доставил на пратениците од опозицијата по доставената интерпелација против него.

Во барањето на Левица, која доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ, не е напишано Уставното име на државата.

„Спикерот Талат Џафери нема храброст да се соочи со пратениците и ја враќа интерпелацијата против него! Член 136 кој тука е наведен, се однесува на општи прекршувања на Деловникот. Џафери нема наведено ништо конкретно зошто интерпелацијата е вратена. Подолу дури изигрува обвинител и Уставен суд, па суди што било во согласност со позитивното право на РМ, а што не. Иако тоа не е негова работа. И секако, продолжува со дискриминација на пратениците (не) Албанци форсирајќи двојазични документи по секоја цена. Оти му се може. А премиерот со прстот во уста. Битно парата се врти“, напиша пратеникот од Левица, Борис Крмов на Фејсбук.

Вели дека досега сите амандмани тие ги поднесувале до Собрание со С. Македонија и ова за него предизвикува дополнителен сомнеж за одбивањето на интерпелацијата. Според образложението што го испратил Џафери, тој се повикува на членот 136 од Деловникот и позитивното право. Бара интерпелацијата да се коригира во рок од 15 дена.

Пред десетина дена, Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери, затоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.

Интерпелацијата воедно е и поради кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството дојдоа во скафандери за да гласаат за економските мерки, а притоа беа позитивни на коронавирусот.

Џафери пак тврдеше дека не го прекршил Уставот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот