Левица ќе го раководи Советот на Општина Карпош

Фото: МИА

Советот на Општина Карпош денеска ја одржа првата седница од конститутивен карактер. Добрила Андоновска, најстариот член на Советот ја отвори седницата и им го честита мандатот на советниците.

За претседател на Советот на општината беше избран советникот од партијата Левица, Бранко Ристов. Советниците избраа претседатели и членови на 11 комисии кои во четиригодишниот мандат ќе расправаат за теми со непреченото функционирање на локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им предложи на советниците да размислат и да достават конкретни предлози и проекти што се во интерес на граѓаните.

Јакимовски ги повика советниците да присуствуваат на јавната презентација на планерските куќи, што во моментов изработуваат урбанистички планови за општина Карпош. Презентацијата ќе се одржи следниот викенд во салата за проекции, во рамки на Кинотека на Северна Македонија.

Со порака за успех и работа во интерес на граѓаните, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски им го честиташе почетокот на работата на новите советници во општинскиот Совет, информираат од Општина Центар.

– На денешната прва конститутивна седница, имаше три точки за работа на дневниот ред: Избор на претседател и членови на Верификационата комисијa на Советот, усвојување на Извештајот на Верификационата комисија со предлог за верификација на мандатите на членовите на Советот и избор на претседател, се наведува во сооптението на Општина Центар.

Ова конститутивната седница ја водеше највозрасниот советник во Советот, Виолета Велковска од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која по верификувањето на мандатите на новите советници, ја прекина седницата, која ќе има продолжение во наредниот период, кога ќе треба да биде избран и претседателот на Советот на општината.

Во овој состав на Советот најмногу советници, 9 има СДСМ со коалицијата, потоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 8 советници и Левица и иницијативата „Шанса за Центар” со по три советници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот