Левица го тужи Ким Мехмети за “подбивање со македонскиот народ”

Ким Мехмети - Димитар Апасиев/ Фото Колаж на СП

Поради статус на социјалната мрежа Фејсбук, партијата Левица на Димитар Апасиев поднесе кривична пријава против писателот и публицист Ким Мехмети.

Во поканата од Јавното обвинителство испратена до Мехмети, се вели: „Се повикува Ким Мехмети на 13.01.2022 година вон 10 часот да се јави во просторите на Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се повикува во својство на осомничен за Кривично дело излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците по член 179, а по кривична пријава поднесена од партијата Левица за текст објавен на Фејсбук профил на 29.07.2021 година“.

Мехмети на својот Фејсбук профил реагираше на тужбата од Левица:

„Откако оваа држава успеа во битката против криминалот и кражбите, започна битката против нас кои го „навредуваме“ македонскиот народ, кој е заштитен од партијата познатата ЛЕВИЦА! Не знам зошто се чувствувам горд што ме тужи и ме обвинуваа ЛЕВИЦА, партија која смрди на антиалбанци и ме тера да повраќам секогаш кога ќе го слушнам нејзиното име, а не па да се позанимавам со неа, се вели меѓу другото во реакцијата на публицистот и писател Ким Мехмети.

Еве што напиша Ким Мехмети во јули на Фејсбук, за што Левица го тужи:

„И додека се знае дека без Белград, Славомакедонците се чувствуваат како дете без мајка која ја родила и одгледала, се поставува логичното прашање: што е тоа што ја прави Албанија поблиска до Србија отколку до Косово?! Како што знаете, братството меѓу сликарот (Еди Рама) и српскиот претседател веројатно е поврзано со заедничкиот проблем поради кој и двајцата не ја сакаат и се плашат од ЕУ: неволјите што ги имаат со законот и желбата нивните држави да останат „крави“ со кои се хранат сите луѓе, но што ги молзат само тие двајца!“, напиша Мехмети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот