Левица го кандидира Андреа Јанков за градоначалник на Центар

Андреа Јанков / фото:Левица

Партијата Левица вечерва соопшти дека го кандидира Андреа Јанков за градоначалник на скопската општина Центар.

39-годишниот Јанков, кој по професија е инженер-архитект, има 14-годишно искуство во приватниот сектор како овластен проектант и инженер за изведба. Тој е основач и претседател на здружението на граѓани „Го сакам Водно“, соопшти партијата.

„Неговата борба е насочена кон: хумано и самоодржливо урбано живеење; заштита и грижа за животната средина; борба со аерозагадувањето; зголемување на стандардот за зеленило по глава на жител; градење на мерит систем и демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена граѓанска партиципација во носењето одлуки на општинско ниво“, се вели во соопштението на Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот