Левица бара да се формира инспекторат за државните симболи

Дафина Стојановска / Конституивна седница во собрание / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
/ Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Пратениците од политичката партија Левица во Собранието ќе поднесат предлог-Закон за воведување на Државен инспекторат за инсигнии. Како што велат од партијата, овој инспекторат ќе биде задолжен за контрола и надзор над правилната употреба на грбот, знамето и химната од страна на државните органи, општините и приватните субјекти.

„Скандалозно е што сите политички елити досега не формирале ваков Инспекторат, во услови кога на секој чекор македонското знаме не се почитува, како единствен симбол кој треба да ја обедини македонската нација. Левица повторно најостро го осудува скорешното палење, непочитување и сквернавење на македонското државно знаме за време на прославата на денот на албанското знаме, кое помина без санкции и јасна реакција од надлежните институции. Овој чин е уште еден доказ за потребата од системски пристап и јасен инспекциски надзор врз употребата на државните симболи. Согласно член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната, како и член 178 од Кривичниот законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме е кривично дело. Но, отсуството на соодветен механизам за надзор овозможува ваквите акти да поминуваат неказнето“, велат од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот