Леви уште еднаш покажа дека е мајстор за преговори, овој пат го надмудри Реал Мадрид

twitter/talksport

Герет Бејл денеска и официјално по седум години поминати во Реал Мадрид, се врати во Титенхем.

Велшкиот репрезентативец наредната сезона ќе ја помине во Тотенхем како позајмен играч, а во пакет со него од Мадрид доаѓа и Серхио Регулион. 

Преговорите во завршна фаза: Бејл в петок ќе отпатува за Лондон!

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, уште еднаш покажа дека е мајстор за преговори и успеа да го истера своето и во случајот на Герет Бејл иако на спротивната страна на масата го имаше претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Платата на Бејл во Реал Мадрид изнесува 600.000 фунти неделно, но Леви јасно стави до знаење дека таа сума е неприфатлива за него. Првичното барање на Перез беше Тотенхем да покрива 75 проценти од платата на Бејл, но Леви успеа и оваа сума да ја спушти.

На крајот од Реал Мадрид се согласија, Тотенхем да плаќа 220.000 фунти, додека останатите 380.000 фунти ќе продолжи да ги плаќа „кралскиот“ клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот