Леви е неверојатен, прво го шутна Покетино, а сега бара да врати дел парите

twitter/talksport

Тотенхем е првата екипа која своите вработени ги испрати на принуден одмор за да добие државна помош, но сега претседателот Даниел Леви направи нов неверојатен потег кој непријатно ја изненади јавноста.

Во светот на фудбалот, Даниел Леви се смета за најтешкиот преговарач од кој дури и најголемите екипи стравуваат во преговорите.

Во Англија сè уште се прераскажува приказната за време на преговорите помеѓу Леви и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, за продажбата на Герет Бејл и Лука Модриќ.

Леви откако не успеа да добие пари колку што очекуваше, го натера менаџерот на фудбалерот да купи седишта во ложата на „Вајт Харт Лејн“ стадионот за да дојде до бараната сума.

Сега на ред дојде и Маурицио Покетино кој на почетокот од сезоната доби отказ од Леви иако минатата сезона с Тотенхем играше во финалето на Лигата на шампионите.

Покетино одлучи оваа сезона да одмора од фудбалот и на стартот од наредната да се врати на тренерската работа бидејќи има сигурен договор со Леви и Тотенхем кои треба да му исплатат 8.5 милиони евра по сезона се додека не најде работа.

Леви го повикал Покетино и побарал од него да се откаже од дел од парите поради кризата. Леви истото го побарал и до стручниот штаб на Покетино, но засега нема информации дали тие се согласиле на предлогот на претседателот на Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот