Леви џабе леташе за Мадрид, ништо од сензационалниот транфер на Бејл

twitter/Talking THFC

Реал Мадрид одби да го пушти Герет Бејл во Тотенхем на позајмица.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, утрово одлета за Мадрид надевајќи се дека ќе успее да ја реализира трансфер-бомбата во последниот ден од зимскиот преоден рок. Леви и менаџерот на англискиот тим, Жозе Мурињо, сакаа во последниот ден од преодниот рок да го донесат Герет Бејл од Реал Мадрид, но беа одбиени од претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез.

Перез ја одби идејата на Леви за шестмесечна позајмица на Бејл со задолжителен откуп на крајот од сезоната, а медиумите шпекулираат дека и самиот фудбалер нема да прифател да се врати во Тотенхем.

– Бејл останува со нас и не размислувам околу шпекулациите за неговото заминување денеска – изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Неуспехот на ангажманот на Бејл, ги остави Мурињо и Леви само со една опција за замена на повредениот Хари Кејн. Тотенхем има 12 милиони евра за замена на Кејн и најверојатно ќе ги потроши за ангажирање на Оливие Жиру од Челси.

„Сините“ не се расположени да го продадат Жиру на екипа од Англија, но францускиот репрезентативец денеска побарал средба со челниците на Челси за да издејствува трансфер во Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот