Левата рака на Мирка „тежи“ милион швајцарски франци

EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Сопругата на Рожер Федерер, Мирка, од трибините го следеше трилерот против Милман, а на фотографите не им побегна „украсот“ на нејзината лева рака.

Во моментите кога се одлучуваше победникот, камерите освена на теренот често беа насочени и кон Мирка која на левата рака носеше еден милион евра. Станува збор за нејзиниот часовник и дијамантскиот прстен.

Таа прстенот го носеше и во епското финале на Вимблдон кога за прв пат го привлече вниманието на јавноста, а еден швајцарски златар за медиуми процени дека вреди најмалку половина милион евра, а можеби и двојно повеќе.

twitter/Stuff.co.nz Sport

– Прстенот е ексклузивен. Проценката е дека таков дијамант вреди преку половина милион франци. Не би бил изненаден да вреди и еден милион. Во секој случај станува збор за многу ретко парче дијамант – изјави Лазар Себлар, сопственик на златара во Цирих.

Мирка на раката имаше часовник од екслукивната марка „Ролекс“ кој исто е лимитирана верзија и може да се купи по цена од 160.000 до 200.000 швајцарски франци.

twitter/Stuff.co.nz Sport

Станува збор за „Rolex Daytona Rainbow – 116599RBOW (бело злато)” кој се состои од скапоцени камења кои се прелеваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот