Левандовски: Сè е во наши раце, Македонија е тежок ривал!

twitter.com/iMiaSanMia

Напаѓачот на Баерн Минхен, кој постигна 18 голови во 14 натпревари за клубот досега оваа сезона, ги реализираше сите три погодоци во триумфот во Рига.

Тоа доаѓа во пресрет на неделната пресметка во Варшава против Македонија (20.45 часот), многу важна средба и за двете селекции.

Нашите најдобри фудбалери после триумфот над Словенија (2:1) ќе бараат поволен резултат и на ова тешко гостување, да останат непоразени, а со евентуална победа уште повеќе ќе се зголемат шансите за една од првите две позиции во групата кои водат на ЕП.

И реми би било добредојдено, но доколку Австрија освои три бода кај Словенија, тогаш шансите ќе ни бидат драстично помали.

Секако и Полска си води математика, моментно на првото место со 16 бодови, пред Австрија (13), Македонија и Словенија по 11 на три кола до крајот, па со евентуален триумф в недела ќе го обезбедат настапот на континенталниот собир.

– Ја завршивме успешно задачата во Рига. Искрено, тоа беше еден лесен триумф и сега можеме да се насочиме кон натпреварот в недела против Македонија. Сè е во наши раце, доколку освоиме три бода, ќе се пласираме на Европското првенство. Се надевам дека победата против Летонија ќе ни даде дополнителна енергија. Сакаме да докажеме пред нашите навивачи дека тој триумф не бил случаен. Македонија е еден тежок противник, но ние треба само да се концентрираме на нашата игра – рече капитенот на полската репрезентација, Роберт Левандовски.

Досега во овие квалификации Левандовски постигна пет голови, и е моментно најдобар стрелец на Полска на сите времиња со 60 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот