Левандовски на четири гола од рекордот на Роналдо

фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски двапати се запиша во листата на стрелците против Челси (4:1) и моментно има 13 погодоци сезонава во ЛШ.

Рекордер од аспект на головите е играчот на Јувентус, Кристијано Роналдо – 17 голови, учинок кој го забележа во натпреварувачката сезона 2013/2014. Сезонава Роналдо запиша само четири голови.

Португалецот ги завзема и следните две позиции со 16 голa во сезоната 2015/2016 и 15 во сезоната 2017/2018.

На четвртото место е Лионел Меси со 14 гола во сезоната 2011/2012. Така, за да го постигне најдобриот резултат во историјата, полскиот напаѓач Левандовски мора да даде четири гола во најмногу три натпревари.

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите на 14 август, Баерн ќе игра со Барселона, а до крајот на елитното натпреварување ќе се игра само по еден натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот