Левандовски: Многу е можно дека ова беше мојот последен меч за Баерн

Роберт Левандовски има уште една година договор со Баерн/Волфсбург, Германија/14 мај 2022/EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Во последното 34 бундеслигашко коло екипата на Баерн Минхен одигра нерешено на гостувањето кај Волфсбург. Овој меч немаше никакво резултатско значење за двете екипи, бидејќи од една страна Баерн ја одбрани титулата, а од друга Волфсбург веќе обезбеди опстанок во елитата.

Роберт Левандовски постигна денеска уште еден гол за екипата на Баерн, што беше негов 35 за прва позиција на листата најдобри стрелци сезонава во најсилното германско првенство. Далеку зад него завршија Патрик Шик (Баер Леверкузен, 24) и Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд, 22).

Изминатиот период доста се шпекулираше околу иднината на 33-годишниот полски напаѓач кој има важечки договор со Баерн до 30 јуни 2023 година.

Во текот на денешниот ден спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ за германскиот „Скај Спорт“ потврди дека играчот нема намера да го продолжи договорот.

– Да, Левандовски ме информираше дека не сакаше да ја прифати нашата понуда и дека тој би сакал да го напушти клубот. Нашата позиција останува игра, Лева има договор до 2023 година. Тоа е факт – рече Салихамиџиќ кој негира понуда од Барселона за фудбалерот.

По завршувањето на мечот со Волфсбург, Левандовски за полските медиуми изјави дека најверојатно го имаше последниот настап во дресот на Баерн.

– Многу е можно ова да беше мојот последен натпревар за Баерн. Не можам да го кажам тоа 100%, но можеби тоа беше мојот последен натпревар. Сакаме да го најдеме најдоброто решение за мене и за клубот – се зборовите на најдобриот фудбалер за 2021 година според ФИФА.

Левандовски со Баерн осумпати ја освои Бундеслигата, петпати Суперкупот на Германија, трипати Купот, а по еднаш Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

ВИДЕО: Повторно имаме Македонец во Бундеслигата, Штутгарт обезбеди опстанок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот