Левандовски: Клоп има две лица

Роберт Левандовски веќе шест години ги решета мрежите во дресот на Баерн Минхен откако пристигна од Борусија Дортмунд како слободен играч.

Сепак, Левандовски не го заборава времето поминато во Борусија Дортмунд каде четири години работеше заедно со Јирген Клоп кој сезонава на Ливерпул му ја донесе долгоочекуваната титула во Премиер лигата.

Токму затоа во интервјуто за ЕСПН на прашањето кој му е омилен тренер, како од топ изговори Јирген Клоп.
– Омилен тренер ми е Јирген Клоп, а по него Пеп Гвардиола. 100 проценти – изјави Левандовски и потоа опиша како изгледаше соработката со сегашниот тренер на Ливерпул:

Јирген Клоп/EPA-EFE/Phil Noble

– Клоп има две лица. Можете да го видите неговиот татковски пристап, но има уште една страна – таа како тренер, менаџер. Ви кажува се, а тука не мислам само на добри работи. За фудбалерите тоа е врвен мотиватот, го прави тоа совршен начин, затоа што постои точно чувствува до каде може да го „бутка“ секој играч. Неговите тренерски и човечки квалитети се неверојатни.

Одличниот напаѓач сè уште не ја заврши сезоната иако со Баерн триумфира во Бундеслигата. Баерн и Левандовски викендов ги очекува реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Челси, но не се очекува да имаат проблеми бидејќи во првиот натпревар во Лондон победија со 3:0.

– Челси одигра одлично во последните натпревари, но не сум загрижен. Знаеме и ние дека сме во добра форма и знаеме што се случи на првиот натревар. Најважно за нас е да бидеме добри во првите 20 минути – смета Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот