Левандовски го надмина рекордот на Обамејанг (ВИДЕО)

Полјакот во дресот на Баерн се промовираше во првиот странски играч со 33 голови во една бундеслигашка сезона.

Полскиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен двапати се запиша во листата на стрелците денеска против Фрајбург во победата од 33 претпоследно коло во најсилното германско првенство.

Роберт Левандовски (35) во дресот на баварскиот клуб со двата голови запиша нов рекорд, така што се промовираше во првиот странски играч со 33 голови во една бундеслигашка сезона.

Полјакот на тој начина го надмина рекордот на екс-напаѓачот на Борусија Дортмунд, играчот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг кој имаше 31 погодок во една сезона. Левандовски сезонава одигра 41 натпревар за Баерн во сите натпреварувања, со вкупно 48 голови и шест асистенции.

Баварците веќе ја освоија и одбранија титулата, но уште еднаш покажаа зошто се најдобри во фудбалска Германија со триумфот од 3:1 над Фрајбург.

Во останатите средби беа постигнати следните резултати: Дизелдорф-Аугсбург 1:1, Келн-Ајнтрахт Франкфурт 1:1, Херта Берлин-Баер Леверкузен 2:0, Хофенхајм-Унион Берлин 4:0, Мајнц-Вердер Бремен 3:1, Падерборн-Борусија Менхенгладбах 1:3, Лајпциг-Борусија Дортмунд 0:2 и Шалке-Волфсбург 1:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот